MK | AL | ENG

Вториот столб го доби 333.333 член

Претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја посетија Елена Трајковска од Скопје која е 333.333 член во вториот столб.

Елена Трајковска од Скопје е вработена прв пат во јуни 2013 г. Бидејќи е вработена по прв пат по 1 јануари 2003 година, таа е задолжителен член во вториот столб. Како задолжителен член во вториот столб, веднаш со нејзиното прво вработување таа е времено распределена во еден од задолжителните пензиски фондови, по метод на случаен избор. Таа има право во рок од 90 дена, по сопствен избор, да одбере во кој фонд ќе членува и тој избор да го направи со склучување договор за членство со агент на едно од пензиските друштва. Доколку во овој рок, не склучи договор за членство со ниту едно пензиско друштво, ќе стане член во друштвото во кое била времено распределена. >>>

Ве известуваме дека името на улицата на која се наоѓа седиштето на МАПАС е променето од улица Ленинградска во улица Стив Наумов.

На 15 мај 2013 година претставници на МАПАС одржаа презентација на Универзитетот ФОН, во рамките на соработката со универзитетите, со цел финансиска едукација на младите од областа на пензиското осигурување.

При тоа, студентите, кои задолжително ќе бидат вклучени во првиот и вториот столб на пензискиот систем по своето прво вработување, беа запознаени со нивните права и обврски во пензискиот систем, кој што вклучува и нивна активна улога и носење одлуки. Секако внимание беше посветено и на  нивното запознавање со улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек.  По презентацијата се разви богата дискусија за функционирањето на вториот столб, со акцент на зачленувањето и инвестирањето на средствата.

Претходно, во рамките на оваа соработка со универзитетите, претставници на МАПАС одржаа презентација на Државниот универзитет Тетово и учествуваа на Саемот за кариера на „Универзитетот на Југоисточна Европа“ – Тетово . 

Објавен е Е-МАПАС број 5. Тема на новиот број на Е-МАПАС е доброволното пензиско осигурување (3 столб).

Пензиските фондови како отворени инвестициони фондови и институционални инвеститори се под постојано внимание на јавноста од аспект на улогата на пензиските фондови на пазарот на капитал во државата. Од тој аспект МАПАС оцени дека е потребно повторно да ја запознае јавноста со регулативата и целите и принципите на пензиските друштва кои управуваат со задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и улогата на МАПАС во овој процес.
>>>